САД ја предупредуваат Северна Кореа

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли изјави дека САД не сакаат судир со Северна Кореа и го повика Пјонгјанг да не се обидува да го предизвика.

Хејли која во моментов е претседавач на Советот за безбедност додаде дека сите членки на Советот работат на усогласување на заедничка изјава како одговор на неуспешниот минатонеделен севернокорејски обид за лансирање ракета.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на 28 овој месец ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на ОН за нуклеарната програма на Северна Кореа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top