САД ја проширија листата за санкции против Иран

САД ги проширија санкциите против Иран. Шест физички лица и три компании поврзани со иранската моќна структура „Куќа на стражарите на исламската револуција” се најдоа на листата за санкции..

Американското Министерство за финансии информираше дека санкциите се воведени заедно со Обединетите Арапски Емирати, со цел да ја парализираат големата мрежа за девизни трансакции , контролирана од иранската организација.

Ова е прво проширување на санкциите кон Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави излегување од нуклеарниот договор со Техеран.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top