САД: Одржувањето тоалети во новите носачи на авиони ќе чини 800.000 долари

Тоалетите на два aмерикански носачи на авиони, по неколку затнувања, ќе ги чинат властите и до 400.000 долари по брод, се вели во новиот извештај..

Бродовите „Џералд Р. Форд” од 2017. и „Џорџ Х.В. Буш” од 2009 година имаат канализациска мрежа слична на комерцијалните авиони, а го користат повеќе од 4.000 лица… Дури во пракса се покажа дека цевките на тие бродови се претесни во случај кога сите тоалет-школки се зафатени…

Службите за одржување утврдиле дека на овие цевки им треба редовно, ама и скапо прочистување со хемиски средства.

Одборот на Сенатот задолжен за воените служби, утврди и други 150 случаи со проблеми со одржувањето на бродовите на Воената морнарица, што би можело да чини над 130 милијарди долари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top