САД прекинуваат да ги снабдуваат со гориво воените авиони на Саудиска Арабија

Воената коалиција на чело со Саудиска Арабија, која се бори против Хутите во Јемен, побара од САД да ги прекинат операциите на снабдување со гориво на нејзините авиони, објави денес државната саудиска агенција СПА..

„Неодамна Кралството и коалицијата ги зголемија своите капацитети самостојно да ги снабдуваат своите авиони со гориво во Јемен. Како последица на тоа, а во договор со САД, коалицијата побара прекин на поддршката во снабдувањето со гориво за операциите во Јемен“, додава СПА.

„Ја поддржуваме одлуката на Саудиска Арабија која е донесена по советување со американската влада да почне да ги користи воените капацитети на коалицијата во снабдувањето на авионите со гориво како поддршка на војната во Јемен“, изјави во Вашингтон американскиот министер за одбрана Џим Матис.

„Командата на коалицијата изразува надеж дека идните преговори под покровителство на ОН во трета земја ќе доведат до решение на конфликтот“, додава СПА.

По неуспехот на посредувањето на ОН во септември да се најде политичко решение на конфликтот, коалицијата најави обновување на нападите врз стратегиското пристаниште Ходеида во западниот дел на Јемен, што се засили по 1 ноември.

Борбите за повторно преземање на Ходеида од рацете на бунтовниците кои го контролираат градот ги загрозуваат мировните напори на САД и ОН кои се надеваат дека повторно ќе ги свикаат преговорите до крајот на годината.

Коалицијата „се надева дека ќе го види крајот на агресијата на паравоените сили на Хутите, поддржани од Иран, врз јеменските народ и земја и врз регионот, а особено крајот на заканата со балистички ракети и дронови.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top