САД сакаат ново нуклеарно оружје за да ѝ парираат на Русија

За време на посетата на Стратегиската команда минатата недела, американскиот министер за одбрана Марк Еспер надгледувал вежба на воени игри во која руските сили за време на фиктивен конфликт во Европа користеле тактично нуклеарно оружје против НАТО.

„За време на сценариото за воената вежба, во Европа се водеше војна со Русија. Русија реши да употреби нуклеарно оружје со краток дострел, а ние го симулиравме нашиот одговор“, изјави висок функционер на Пентагон.

Иако функционерот ја опишал вежбата како рутинска, станува збор за сценарио кое го загрижува Пентагон кој смета дека Русија би можела да го употреби нуклеарното оружје со краток дострел при конфликт со НАТО, пишува Си-ен-ен.

Пентагон веќе некое време сака да го модернизира и зајакне својот нуклеарен арсенал поради што за првпат во последните неколку децении воведе ново оружје – подморница со нуклеарно вооружување со краток дострел В76-2. Овој потег некои демократи критички го опишаа како учество во нова трка во нуклеарно вооружување слична на онаа за време на Студената војна.

Министерството за одбрана ги негираше таквите тврдења, истакнувајќи дека најновите потези се само одговор на активностите на Русија која има до 2.000 слични проектили со краток дострел и друго тактичко нуклеарно оружје кое може да го користи на различни начини.

Функционерите на Пентагон изразија и загриженост поради сѐ поголемите нуклеарни арсенали на Кина и Северна Кореја. Еден висок функционер на Пентагон минатата недела кажа дека „Кина е веќе во процес на зголемување на својот арсенал и дека тројно ќе ги зголеми резервите на нуклеарно оружје до крајот на оваа деценија“

Извор: МКД.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top