САД: Се подготвуваме за поагресивни кибер-операции пред изборите во 2020 година

САД се подготвуваат за поагресивни кибер-операции за соодветен удар соочени со зголемен број кибер-напади и закани за вмешување во претседателските избори во 2020 година..

Тоа го изјави вчера пред комисија во Конгресот, Пол Накасони, началник на Кибер-командата на САД.

Генерал Накасони нагласи дека кибер нападите од страна на Русија, Кина, Северна Кореја и Иран стануваат се поусовршени и до неодамна биле извршувани со мала загриженоста за последиците. 

Изјавата на генерал Накасони е дадена по извештајна ВМС на САД во кој се опишани значителни пробивања на компјутерски системи и се заклучува дека тие ја губат кибер-војната.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top