САД соопштија дека Багдади бил погребан во море

Началникот на централната команда на американската војска Френк Мекензи изјави дека убиениот лидер на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади бил погребан на море.

Мекензи додаде дека Багдади загинал откако активирал експлозив додека американски војници се обидувале да го заробат. 

Тој прецизира дека во експлозијата загинале две деца, а не три како што претходно беше официјално соопштено. 

Американските сили изведоа операција за апсење на Багдади во северозападниот дел на Сирија во ноќта меѓу саботата и неделата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top