САД: Воeни злосторници не можат да бидат во владата на Косово

Се истакнува дека „во една демократија лица назначени на високи позиции треба да покажат етичко и квалификувано лице на светот“, пренесуца Ал џезира..

АД се загрижени во врска со назначувањето на неквалификувани луѓе на високи позиции во Владата на Косово, вклучувајќи и лица осудени за воени злосторства или под активни обвиненија за сериозни кривични дела и осомничени за сериозни злоупотреби на власта“, објави Амбасадата на САД во Приштина.

„Неквалификувани лица, оние кои се казнети од правосудството или ил ги гони за тешки кривични дела, како и оние кои покажаа подготвеност да дејствуваат неказнето и ги злоупотребуваат своите овластувања нема што да бараат на јавни доилжности.

Назначувањето на овие лица да ја поткопува довербата на јавноста што Косово се обидува да се изгради, ја лишува земјата од компетентни и почитувани лица кои се најспособни да ги извршуваат работите во владата и ги срамоти жртвите на кривични дела извршени од страна на овие лица.

Понатаму, тоа го оневозможува напредокот на Косово во градењето на меѓународниот углед што би го направило посакуван партнер на други земји и ја засилува позицијата на  на противниците кои можат да тврдат дека Косово не е посветено на владеењето на правото “, се вели во соопштението објавено на Твитер на американскиот амбасадор во Косово, Филип С. Коснет, Пренесува Ал Џезира..


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top