САД воведоа санкции против три хакерски групи од Северна Кореја

Блокирани се сите средства на групите и забранета е работа со нив..

Aмериканското Министерство за финансии соопшти дека вовело санкции против три севернокорејски хакерски групи кои наводно биле вмешани во напади и учествувале во „Вонакрај“ (WannaCry) нападот за откуп на средства и хакирање на меѓународни банки и сметки на клиенти.

Санкции се воведени против Лазарус груп, Блунорф и Андариел кои, како што наведува американското Министерство за финансии, ги контролира РГБ, севернокорејско разузнавачко биро, кое е веќе под санкции на САД и ОН.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top