САД воведува нови санкции кон Русија

Стејт департментот соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија поради употреба на хемиско оружје во обидот за атентат на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија..

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето од болница тие се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негираше каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top