САД забележаа нов рекорд за 24 часа, над 65.000 новозаболени од коронавирус

Соединетите Држави во четвртокот забележаа нов рекорд во дневниот број на заразени со коронавирус, со 65.551 нов случај во изминатите 24 часа, според пресметката објавена од универзитетот Џон Хопкинс во 20:30 часот по локално време..

Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата сега е повеќе од 3.11 милиони. Претходниот рекорд беше остварен во вторникот, со повеќе од 60.200 нови случаи за еден ден.

Покрај речиси 10.000 нови случаи во Флорида, Калифорнија и Тексас пријавиле над 7.000 нови случаи.

Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа анализата на случаи на Ројтерс во последните две недели во споредба со две недели претходно.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top