Саем на книгата во чест на македонските просветители Св. Кирил и Методиј во Мелбурн

Соопштение.

Во чест на Денот на македонските просветители и учители Св. Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин“, Мелбурн, организира Саем на книгата. Саемот ќе се одржи на 24 мај, Четврток , во просториите на библиотеката во Mill Park, од 6.30 – 9.30 часот навечер.

На овој саем ќе бидат промовирани книгите: Љубов и завет низ виорите од Гордана Димовска и Ванѓелко Лозаноски, како и најнови книги од Љубица Поповска (Патот на детството и Песни од мојата младост). Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да дојдат на овој Саем и да придонесат за свеченото одбележување на Денот на нашите просветители Кирил и Методиј. Овој саем ќе опфати изложба на повеќе 300 наслови на книги од различни жанрови кои можат и да се купат на самиот ден.

За повеќе информации и пријавување обратете се кај: Гордана Димовска намоб: 0423 496 821, или Нове Младеновски на моб: 0488 001 946.

Со почит

Од управата на МЛД Кочо Рацин

Претседател: Гордана Димовска

Моб: 0423496821



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top