Салији: Враќање на изгубената доверба во правосудството е приоритет

И покрај тоа што последните тројца министри за правда беа од редовите на ДУИ, сегашниот министер за правда Билент Салији, кој доаѓа од истата партија, вели дека во првите 100 дена бил посветен да ја поврати изгубената доверба на граѓаните во судството..

Тој најави и дека Специјалното обвинителство во иднина се планира да функционира како посебен орган на Јавното обвинителство.

„СЈО ќе функционира во рамките на Основното јавно обвинителство како посебен сектор кој ќе се занимава со поголеми кривични дела. Повеќе од 3.000 затвореници издржуваат казна затвор, а речиси 4.000 други чекаат на издржување затвор. Меѓу другото, целта на овој закон е да се ослободи простор во затворите.“ – изјави Билент Салиjи – Министер за правда

Салији рече и дека Министерството за правда презема голем број активности во насока на исполнување на итните реформски приоритети, споменувајќи го во оваа насока формирањето на Советот за реформи во судството, задолжен за надгледување и спроведување на реформите во оваа област.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top