Салвини бара предвремени избори во Италија!

Италијанската владејачка партија „Лига“, денеска соопшти дека до Сенатот ќе упати предлог за изгласување недоверба на владата и оти се надева дека земјата наскоро ќе излезе на избори..

„Оние коишто губат време ѝ нанесуваат штета на државата“, наведуваат од партијата „Лига“, пренесува Ројтерс.

„Ние сме подготвени. Ниту малку не сме загрижени за положбата во владата и никогаш не сме ни биле“, рече потпретседателот на италијанската влада, Луиџи Ди Мајо, обвинувајќи го вториот вицепремиер Салвини, кој убедливо води на анкетите за популарност, дека ја користи земјата за лична промоција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top