Салвини: Италија нема да прима мигранти назад од Германија

Италија нема да се согласи на договор според кој ќе прима мигранти назад од Германија, се додека ЕУ не преземе активности за заштита на своите надворешни граници..

По средба со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, Салвини изјави дека овие услови мора да се исполнат, инаку Италија нема да прифати ниту еден мигрант.

И покрај цврстиот став на Салвини, Зехофер изрази надеж дека до крајот на јули или почетокот на август ќе биде постигнат договор за враќање во Италија на барателите на азил, кои прво се регистрирале таму.

Салвини рече дека двајцата имаат заедничка цел: помалку бродови што пристигнуваат, помалку загинати, помалку мигранти како во Италија, така и во Германија.

Средбата се одржа во пресрет на состанокот во австрискиот град Инсбрук на министрите за правда и внатрешни работи од ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за миграцијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top