Самит САД - Северна Кореја: направен е голем прогрес

„Направен е голем прогрес и двете страни ќе потпишат договор“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната историска средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Двајцата претседатели најнапред имаа 40-тина минути тет а тет средба, а потоа се одржа и состанок на двете делегации на највисоко ниво. Главна тема на самитот е денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

„Не беше лесно да се дојде до тука, во минатото, практиките и предрасудите работеа против нас и имавме многу опструкции, но надминавме многу од нив и сега сме тука“, изјави северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој додаде дека многу луѓе ќе мислат дека ова се сцени од некој научно-фантастичен филм.

Ова е прва средба меѓу претседатели на САД и на Северна Кореја.

Извор: Радио Слободна Европа


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top