Само Беневенто има полош напад од Реал Мадрид

По поделбата на бодовите во градското дерби со Атлетико, Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски првак, заостанува 10 бода зад водечката Барселона..

По одличниот крај на минатата сезона и демолирањето на Барселона во шпанскиот Суперкуп, Мадриѓаните влегоа во тешка криза и ако продолжат во овој ритам, веројатно ќе и ја предадат круната на Барса или на Валенсија веќе пред Божиќ.

Една од главните причини за лошите резултати на Реал, освен лошата форма на средниот ред, е токму реализацијата. ББЦ триото како да не постои сезонава. Бејл повеќе е повреден отколку што е на теренот, а она што останува од атомскиот напад не е ефикасно. Тандемот Роналдо – Бензема сезонава заедно има два гола во првенството.

Учинокот на Бензема и Роналдо во најсилните лиги во Европа го имаат „надминато“ само напаѓачите на Беневенто, последнопласираната екипа во Серија А и најлошата европска екипа на сите времиња која нанижа 13 порази во првите 13 првенствени кола.

Реал во моментов во живот го одржуваат Марко Асенсио и Иско, кои се најдобри стрелци со по четири гола.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top