Само Џафери од државниот врв дојде на традиционалниот божикен ручек кај г.г. Стефан

Само претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го удостоија поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан на традиционалниот божикен ручек по повод празникот Св. Стефан..

Шефот на државата Иванов ниту лани не дојде на божиќниот ручек кај г.г. Стефан. Годинава на ручекот не дојде ниту премиерот Зоран Заев.

Од кабинетотите на Иванов и на Заев нема официјално соопштение зошто безмалку целиот државен врв отсуствуваше од традиционалниот прием кај поглаварот Стефан.

На божикната трпеза секоја година се поканети претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На приемот кај г.г. Стефан присуствувале и вицепремиерите Радмила Шекеринска и Кочо Анѓушев, како и министрите Венко Филипче и Горан Сугарески.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Извор: Плусинфо


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top