Само еден фудбалер на Лестер бил сведок на несреќата: Видел ужасни работи

Во Англија и понатаму главна тема на фудбалска основа е трагедијата која го погоди Лестер откако се сруши хеликоптерот на газдата кој загина со уште четири патници..

За време на трагичниот настан речиси никој од играчите не бил на стадионот „Кинг Пауер“ освен данскиот голман Каспер Шмајхел. Тој за жал сведочи на ужасот и обидот да помогне додека хеликоптерот бил во пламент.

„Нема да говорам за детали, но Каспер видел некои ужасни работи“ изјави менаџерот Пуел.

Одличниот чувар на мрежата би требало како што е најавено во следните денови да се обрати пред медиумите на оваа тема.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top