Самоизолацијата од корона во Црна Гора ќе трае 21 ден

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора донесе одлука со која самоизолацијата за лицата кои биле во контакт со заболените од коронавирус трае 21 ден, јавуваат подгоричките медиуми..

Оваа одлука е донесена по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во неа се наведува дека самоизолација до закрепнувањето, а најмалку 21 ден, им е одредена и на оние кои имаат позитивен ПЦР-тест за коронавирус, имаат благи симптоми или немаат симптоми на болеста.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top