„Самоопределување“ бара под итно да се закаже конституивна седница на Парламенот

Косовското движење „Самоопределување“ побара, од шефот на државата, Хашим Тачи, итно да ја закаже конституивната седница на Парламентот..

Според „Самоопределување“ негрижата на претседателот Тачи, да ја свика седницата,е поради тоа што коалицијата ПАН,во која е неговата, демократска партија,нема обезбедено потребен број пратенички гласови за формирање влада.

Пратеникот од редовите на „Самоопределување“,Мутахер Хаскука,смета дека претседателот Тачи мандатот за формирање влада под итно треба да му го даде на Албин Курти,екс лидер на движењето.

– Како прво, несвикувањето на конститувната седница потврдува дека ПАН го нема обезбедено потребниот број за формирање влада,па поради тоа Претседателот се обидува да обезбеди повеќе време а тоа за нас е неприфатливо. Косово нема време за губење и не треба да доцни формирањето на институциите. Помина повеќе од еден месец од денот на изборите,11 јуни,и се уште не е свикана седница на Парламентот,што е неприфатливо,-го пренесува ставот на партијата, Хаскука.

Тој побара да се почитуваат временските рокови и волјата на граѓаните,а таа покажа дека „Самоопределување“ е партија со најмногу пратеници а Албин Курти е кандидат за премиер кој доби најмногу гласови.

Според Деловникот на косовскот парламент, шефот на државата е должен во рок од 30 дена од објавувањето на официјаланите изборни резултати да свика конститувна седница на Парламентот. Централната изборна комисија резултатите ги соопшти на седми јули,што значи во случајот најдоцна до осми август.

Според освоените гласови, коалицијата ПАН,освои 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, коалицијата ЛАА 29 пратеници.Во 120-члениот парламент по десет пратеници,кои се загарнтирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top