Самоорганизирани групи во Словенија ловат емигранти

Во Словенија, освен жицата која ја поставија на границата со Хрватска, во лов на емигрантите тргнаа и самоорганизирани групи..

Словенецот Блаж Зидар за телевизијата Н1 кажа дека секој ден покрај жичената ограда оди дури и по десетина километри.

„Освен што границата на некои места е пробиена, полицијата замижува на нелегалните преминувања“, тврди Зидар.

Тврди дека не носи оружје, иако вели дека со емигрантите физички би се пресметал во случај на напад.

Многу посериозно делува постројувањето во Штаерска на границата со Австрија – група од 50-тина мажи кои се нарекуваат Штаерска стража, а кои ги предводи политичкиот маргиналец Андреј Шишко.

Поради минатогодишното собирање на Штаерската стража на кое некои носеа и воздушни пушки Шишко беше неправосилно осуден на седум години затвор иако се бранеше дека сето тоа била само провокација. А постројување имаше и викендов.

Во Љубљана, главниот град на Словенија, граѓаните кои ги анкетираше екипата на Н1 се против таквите самоорганизирани групи.

„Тоа не е во ред, заштитата на границата мора да биде работа на полицијата, бидејќи кога вака луѓето сами се организираат лесно може да дојде до ескалација“, смета еден жител на Љубљана.

„Јас мислам дека би требало да ги пуштат да поминат, бидејќи не бегаат затоа што дома им било убаво“, вели друг.

Владата на Словенија кратко одговори дека Словенија е безбедна земја.

Од таа вест синоќа фокусот се префрли на друга – дека кандидатка на листа на СД со сопругот и еден државјанин на Пакистан шверцувала емигранти. Политичката пртија се огради со тврдење дека таа не е нејзина членка од 2004 година.

Темата на емиграцијата беше истакната за време на минатите парламентарни и неодамнешните европски избори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top