Samsung со нов патент за смартфон кој се преклопува

Како што е познато, за време на CES, Samsung им покажа на избрани VIP гости прототип на паметен телефон кој се преклопува..

Во исто време од компанијата експлицитно истакнаа дека моделот сѐ уште не е подготвен за пазарната премиера и најверојатно неговото пуштање ќе се случи дури во 2019 година поради голем број хардверски и софтверски проблеми, кои треба да бидат решени, за да може смартфонот да одговори на барањата на корисниците.

Во меѓувреме сајтот LetsGoDigital отвори нов патент на Корејците, кој е заведен во Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и кој најверојатно се однесува демонстрираниот во Лас Вегас прототип.

Гласините велат дека уредот бил со 7,3-инчен дисплеј, кој може да се преклопи во двете насоки. Според непотврдени информации, до него имало и пенкало, што пак ги потврдува зборовите на раководители на Samsung дека телефон ќе биде дел од производната линија Galaxy Note.

samsungfold



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top