Санчез двосмислен: Сакам да играм во ЛШ, но…

Алексис Санчез влегува во последната година од договорот со Арсенал, но неизвесно ќе биде дали тој ќе се договори со клубот за нова соработка, или нивната љубов ќе „пукне“ во следните недела дена..

Санчез наводно веќе ги известил челниците на клубот дека сонува секоја сезона да игра во ЛШ, но тој сон Арсенал следната сезона нема да може да му го овозможи, бидејки ќе настапува во Лига Европа.

Манчестер Сити, Челси и Баерн Минхен покажаа сериозен интерес за крилниот играч на Арсенал, и до крајот на трансфер периодот може да се случи секакво сценарио.

Зборувајки за чилеанските медиуми, Санчез потенцирал: „Сакам да играм во ЛШ, но одлуката за останување не зависи само од мене, мора да знам на што е и клубот. Јас веќе донесов одлука, сега чекам известување од Арсенал. Идејата ми е да играм во ЛШ, сонувам за тие натпревари уште како мал. Засега, јас сум се уште во Арсенал, и би го завршил договорот уште една сезона“, изјавил Санчез.

Ова може да значи дека Санчез и не е баш сигурен дали сака да остане во клубот, кој го откупи од Барселона пред неколку сезони. Санчез се опоравува од натпреварите од Купот на конфедерациите, а нешто повеќе за неговата иднина ќе се знае во следните десетина дена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top