Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК ќе сведочи во „Монструм“

Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски ќе сведочат денеска за петкратното убиство кај Смиљковското езеро..

Судскиот процес за грозоморното убиство се повторува бидејќи Врховниот суд ја укина претходната пресуда и судењето го врати на почеток.

Во претходното рочиште сведочеа лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Османи и обвинителот Џелал Бајрами кој во 2012 година беше заменик на Гордана Јанкулоска, тогашна министерка за внатрешни работи.

Обвинителката Фатиме Фетаи во судницата го соочи Ахмети со транскрипти од „бомби“ во кои тој изнесувал информации, познати само за истражните органи и бараше да објасни како тој ги добил таквите сознанија.

Во еден разговор Ахмети вели дека убиените биле класично стрелани, па потоа пишува дека биолошкиот материјал не бил од осомничените во Македонија, туку од оние кои побегнаа во Косово. Лидерот на ДУИ објасни дека тие информации ги имал од медиумите, а некои и од државните органи каде што се интересирал за да помогне за да не дојде до загрозување на безбедноста во земјата, со оглед на тоа што во тој период се ширеле многу шпекулации.

Бајрами, пак, во своето сведочење ја обвини поранешната министерка Јанкулоска дека на прес конференцијата по грозоморното убиство, не се придржувала до договореното и однапред ги осудила обвинетите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top