Сашо Наумовски: Му порачувам на отанатите Македонци во оваа партија да не се залагате за партија што ставовите ги менуваат како ветерот.

Соопштение за јавноста.

НАРОДНО СООПШТЕНИЕ

Вчера Претседателот на ЗК ДПМНЕ Мелбурн Јане Мавчев гостуваше на интервју кај Никола Ставрески Фаланга.

На прашајнето зошто повеќе не функсионира унија на млади сили за Австралија, тој го негираше прашајнето.

Само да се потсетиме од први Јуни 2014 од основајнето на младинската организација до Февруари 2018 бевме актуелни и се грижевме за Македонија и Македонскиот народ. Но и бевме единствени внатре партиско што дававме најповеќе критики за самата партија.

Логото на Младите сили го носеше Македонското сонце заштитено од два Македонски лавови (долу во сликите).

Младите сили во 2015 на ден на Македонската независтноста одлучи да го прослави денот само со шеснаесетто зрачно Македонско сонце. Официјално и пред Македонскиот народ по радио и памглети за нас не беше прифатливо на било кој начин за Вентилаторот да се вее како национално или државно знаме.

Од самата партија, ЗК Мелбурн, пратеникот и претседателот на унија на млади сили во Македонија бевме бојкотирани.

Но пак во мене беше дадена подшката и довербата од сите комитети од Австалија и Нов Зеланд за јас да бидам претседател на ЗК Мелбурн за да се спаси комитетот.

Факт е дека јас ја имам и до ден денес подршката од сите потпишани претседатели на комитетите во писмото испратено до Никола Груевски, но и од вистинскиот координатор за Австралија и Нови Зеланд г-дин  Предраг Ивановски.

Јас со сета моја сила и силата на младите околу мена пробавме да ја вратиме партијата назад кон стапките и идеалогијата на Драган Богдановски кои како Македонец од дијаспората ја формира партија со другите основачи.

Но денес партијата е многу далеку од славното ВМРО и АСНОМ.

Пет години од мојот живот дадов за оваа внатрешна борба. Но јас си останав чесен и праведен и чист како солза пред Македонската заедница и Македонскиот народ.

Сликите само мал дел опишуват за моите настани во Македонската заедница во Австралија како претседател на млади сили.

Како основач и прв и изглада последен претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ за Австралија му порачувам на отанатите  Македонци во оваа партија да не се залагате за партија што ставовите ги менуваат како ветерот.

Секогаш Македонија е пред била која партија. Соберете сила сите заедно за вистински да се спаси партијата. Сам без никаква подршка неможев, но сите заедно можете и партија и држава да воскресне.

Сашо Наумовски Лавче
Македонија на Македонците




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top