Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин продолжуваат со бојкот на Катар

Четири арапски држави кои го бојкотираат Катар соопштија дека нивните санкции спрема Доха ќе останат на сила се додека Катар не ги исполни барањата..

Четири арапски држави кои го бојкотираат Катар соопштија дека нивните санкции спрема Доха ќе останат на сила се додека Катар не ги исполни нивните барања.

Во заедничко соопштение, Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин наведуваат дека ги ценат напорите на САД во борбата против тероризмот, но тие највнимателно ќе го следат однесувањето на Катар.

САД и Катар потпишаа вчера договор за борба против финансирање тероризам за време на посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Доха.  



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top