СДСМ: Ако ВМРО го бојкотира референдумот, ја турка државата кон изолација

Соопштение на СДСМ.

Десет години ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција на референдум, а кога референдумот стана извесен по постигнувањето на историски и патриотски договор, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема став, велат од СДСМ.

„Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација. Заради амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во изолација и неизвесност. Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачката партија.

Претходно, Мицковски изјави дека ќе изграат став дали ќе учествуваат или ќе повикаат на бојкот на референдумот откако ќе направат консултации на терен, а најдоцна до почетокот на кампањата на 10 септември.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top