СДСМ: Да престанат опструкциите на граѓанската волја

СДСМ денеска соопшти дека парламентарното мнозинство, како што истакнува, избрано на легитимни избори од околу 700.000 граѓани, ќе постапи според уставните должности и ќе избере нов собраниски претседател и нова реформска Влада..

– Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на владата низ мирен трансфер на власта. Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекуваат одговорност, се вели во соопштението од СДСМ.

Секое дело спротивно на државните интереси, додава СДСМ, е противуставно и казниво и опструкциите да се реализизира мнозинската граѓанска волја мора веднаш да престанат.

– Македонија ќе ја добие новата реформска влада што ќе обезбеди владеење на правото, квалитетен живот за сите и евро-атлантски перспективи, соопшти СДСМ.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top