СДСМ: Да престанат злоупотребите на учениците, ќе има одговорност

“ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги тргне рацете од учениците. Притисоците и злоупотребите на ученици за учество на протести со националистичка реторика на кои се шири етничка омраза, се кривично дело и за нив ќе има одговорност“ се посочува во соопштението на СДСM.

“ВМРО-ДПМНЕ да престане да прави притисоци врз наставниците и директорите. Наставниците и директорите на училишта да соберат храброст и да се спротивстават на нарачките од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кое единствено се грижи за сопствен спас од одговорност за сторените милионски криминали и злоупотреби“, велат од партијата.

Доаѓа време на суштински промени во образованието во Република Македонија. Новата реформска Влада ќе го врати достоинството на образовните институции кои ќе бидат првото место каде што треба да се градат вредностите на едно заедничко општество. Ќе се развива интегриран систем на образование кој ќе влијае врз зголемување на економскиот раст и продуктивноста на трудот и ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места, порачуваат од СДСМ.

Затоа неопходно е Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого стои мнозинство од 700 илјади граѓани преточени преку 67 пратенички потписи„ се потенцира во реакцијата на СДСМ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top