СДСМ: Единствен документ на граѓаните е Програмата на новата Влада, Груевски не е фактор!

Од таму велат дека Никола Груевски мора да ја прифати реалноста дека тој повеќе не е фактор на одлучување и дека треба да се подготви за опозиција..

Програмата на новата реформска Влада предводена од СДСМ е единствениот документ што е во интерес на сите граѓани на Македонија и ја гарантира унитарноста на државата, велат од партијата.

„За Никола Груевски следува период на соочување со документите и аргументите што го докажуваат грабежот и криминалот на неговото владеење и уништувањето на Македонија. Ефектите од неговите документи 10 години го уништуваат животот на луѓето и го блокираат развојот на Македонија. Над 700.000 граѓани очекуваат што побрзо да се избере новата Влада која што ќе обезбеди правда за сите, квалитетен живот за сите и заедништво. За тоа гласаа на изборите и затоа застанаа со 67 пратенички мандати зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, велат од СДСМ.

Од таму велат дека Никола Груевски мора да ја прифати реалноста дека тој повеќе не е фактор на одлучување туку се граѓаните и дека тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со одговорноста.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top