СДСМ: Единствен излез од кризата е формирање нова влада

СДСМ во денешното соопштение посочува дека единствениот излез од политичката криза е согласно Уставот и законите парламентарното мнозинство да ја формира новата влада..

– Легитимното парламентарно мнозинтво од 67 пратеници избрани од над 700.000 граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите. Тоа е единствениот легитимен и демократски излез од кризата што ја прави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, мора да се почитуваат Уставот и законите, а граѓаните да не бидат, како што се вели, заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која ги блокира процесите и сака да ја изолира државата.

СДСМ апелира и до граѓаните да не подлегнуваат на сценарија на разгорување на тензии.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top