СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ и отфрли каква било поврзаност со настанот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста, но отфрли каква било поврзаност со случајот..

„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.

СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај”, пишува во соопштението од СДСМ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top