СДСМ: Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во должина од 700 километри

Владата предводена од СДСМ за само година и половина во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, соопшти партијата..

Според СДСМ, откако го наследи автопатот Миладоновци – Штип со бројни пропуст, и едвај направени помалку од 50 отсто, за кусо време автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експорпријација на земјиште, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на на патниците. 

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од околу 700 километри. Она што е особено значајно, за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста.

,,Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат
Крупиште – Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е за трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци низ целата држава”, се наведува во соопштението


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top