СДСМ: Граѓаните не сакаат ниту да разговараат со Мицкоски зашто тој е против нивната иднина

Соопштение на СДСМ.

Половина од граѓаните на кои им пристапил одбиле воопшто и да разговараат со Христијан Мицкоски и неговите претставници затоа што Мицкоски ја загрозува иднината на државата, велат од владејачкиот СДСМ во врска со претстојниот референдум за договорот со Грција.

Оттаму велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се преиспита и да не помислува да ја ризикува иднината на Македонија, односно иднината на граѓаните бидејќи тие се цврсто определени за напредок, развој и интеграција.

„Да размисли Мицкоски, да се охрабри и да одговори пред себе, пред својата партија и пред целата јавност дали ќе гласа на претстојниот референдум ‘за’ македонска иднина во ЕУ и НАТО“, порачуваат од СДСМ во соопштението.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top