СДСМ: Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за клучното прашање за иднината на државата

Останува да соопштат за што се, граѓните се за светла иднина, за напредок, за членство во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението на СДСМ..

Референдумот на којшто граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на државата е пред нас.

Прогресивните сили, прогресивните демократски партии, граѓаните, граѓанските организации, сите се обединети за светла иднина, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, за напредок.

Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се.СДСМ е јасно определен за европска иднина на Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека се подготвени да ја жртвуваат иднината само за амнестија на Никола Груевски и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да изберат и да соопштат за што се.

Изборот е светла иднина или темно минато.Изборот е напредок, членство во НАТО и ЕУ или уназадување, криминал, изолација, враќање назад.

Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет.

Да за македонската иднина, се наведува во соопштението на СДСМ. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top