СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за најновите приведувања

СДСМ реагираше на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со најновите приведувања на лица осомничени за организирање на настаните во македонското собрание на 27 април 2017 година, меѓу кои и Никола Груевски.

Во соопштението се наведува дека Мицковски го бранел Груевски и оти се ставил во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април, односно на нападот врз уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. 

Мицковски претходно по повод приведувањата на тројца партиски членови изјави дека се вршат апсења врз основа на изјави на сомнителни лица. 

Мицковски рече дека Вељаноски, Ристовски и Јанакиески не биле виновни и обвини дека СДСМ сакал да внесе страв и да ги деморализира ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top