СДСМ и ВМРО на „200“ дебатираат за новите „бомби“

Жестока дебата во емисијата 200 на Алсат меѓу претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Маричиќ и Панче Тошковски..

Во центарот – „бомбите“ што до јавното обвинителство ги достави Антонио Милошоски. Според Тошковски, како најголема опозициска партија биле должни да ја обелоденат вистината. 

Порача дека кој како дошол на власт така ќе си оди, алудирајќи на бомбите што лидерот на СДСМ ги објавуваше 2015 та година на Бихаќка.

Тонски Панче Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ 9

„ВМРО-ДПМНЕ преку Антонио Милошоски ги обзнани во јавноста снимките до кои дојде во којшто поранешниот премиер на РМ Зоран Заев јасно и експлицитно вели дека без него не се може во обвинителството и во судството. Јасно вели дека под негова команда работат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Врховниот суд во РМ. Самиот го кажува тоа. Ако ова не е од интерес да го чујат граѓаните не знам што би било од интерес да чујат.“

Според СДСМ, нема равенство на овие објавени снимки на ВМРО-ДПМНЕ и „бомбите“ бидејќи тие биле од прислушувани 26.000 разговори на граѓани, а доставените од Милошоски биле од  состанок сниман за нечиј интерес. Мафијата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да зададе последен удар врз судството, вели Маричиќ.

Тон Бојан Маричиќ СДСМ

„Во снимката која ја слушна јавноста извадени вон контекст со некакви реченици кои ги вади се докажува дека беше неопходно да се донесе ЗЈО, дека  без тој Закон некој ќе толкуваше дека случаите на СЈО може да паднат и да се укажува дека поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски правел проблем во однос на овие слчаи. Се работи за борба за одбрана да одговара мафијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски и Мицкоски.“

Маричиќ и Тошковски се судрија и за протестите пред судските палати. За претставникот на владејачката партија, протестот на ВМРО е спас на сопствената кожа. Додека претставникот на опозициската партија, протестот на СДСМ  го оцени како нешто досега невидено, власта да протестира пред свои институции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top