СДСМ: Иванов призна вмешаност на членови од неговиот кабинет во настаните од 27 април

Соопштение на СДСМ..

Иванов призна дека член на неговиот кабинет бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април за време на нередите во Собранието, обвини СДСМ во писмено соопштение. Според владејачката партија, тоа било потврда на сведоштвата кои јавноста ги слушна во судницата минатата недела

„Исказите на осомничените и јавно достапните информации покажуваат дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.

Мицкоски не повикува на одговороност туку се става во заштита на насилниците и криминалот на Никола Груевски. Затоа Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ бараат амнестија за сите организатори и извршители на насилството. – велат од СДСМ и додаваат дека токму тоа била причината поради која ВМРО-ДПМНЕ организира протести низ Македонија.

Опозицијата и натаму останува на ставот дека власта се обидува преку како што велат партизираното судство да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски обвини дека додека власта се занимава со укинување на опозицијата, во Македонија цвета криминалот и корупцијата а потврда за тоа, според опозицискиот лидер бил последниот извештај на Транспаренси во кој Македонија бележи пад од 50 места според индексот на корупција и се наоѓа во друштво на држави како Танзанија и Етиопија.

Вчера и Претседателот Иванов случувањата околу судскиот процес за 27 април ги нарече линч и класична хајка против него и неговиот кабинет отфрлајќи било каква вмешаност во настаните.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top