СДСМ: Мицкоски сака да го скрие изборниот пораз со промена на партискиот статут

Со лажни партиски агенди, како што е наводната промена на партискиот Статут, Христијан Мицкоски неуспешно се обидува да го сокрие изборниот пораз, реагираат од СДСМ, по седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ..

„Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада. Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи“, реагираат од владејачката партија, додавајќи дека граѓаните на фер и демократски избори ги казниле политиките на Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top