СДСМ: Планот за економски раст ќе ја позиционира земјата како стабилна дестинација за сигурни инвестиции

Се работи на подобрување на инвестициската слика за Македонија.

Преку планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува услови за развивање на стабилна бизнис клима што ќе ја позиционира земјата како крајна стабилна дестинација за издржани и сигурни инвестиции, тврдат денеска од владејачката СДСМ.

-Се работи на подобрување на инвестициската слика за Македонија од земја која што ги нудеше своите работиници како евтина работна сила, во земја што нуди државна поддршка и услови за отворање на нови доброплатени работни места, правна сигурност, поврзување со европските пазари и стандарди и реализација на капитални инвестиции за развој на патната, железничката и енергетската инфраструктура. 

Планот за економски раст за новосоздадени работни места предвидува финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената. Мерките предвидуваат и дополнителни 2% финансиска поддршка за секоја 10% повисока плата, до максимални 16%. 

Воедно, државата ќе стимулира отворање на високоплатени работни места со финансиска поддршка од покривање на 20% за исплатени плати кои се двојно повисоки од просечната плата, се вели во партиското соопштение.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top