СДСМ: Платите во армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари

Со доаѓањето на власт СДСМ преку конкретни мерки и реформи ги подобрува условите за сите припадници на армијата, велат од владејачката партија..

Од таму тврдат дека во зависност од чинот, платите за две години пораснале од 3.000 до 6.000 денари.

„Покачувањето на платите на припадниците на армијата е извршено етапно и изнесува 15 отсто. Првото зголемување од 10 отсто е обезбедено од први јануари 2018 година, а второто зголемување од дополнителни 5% е обезбедено од први септември 2019 година“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека со овие зголемувања обезбеден е значителен пораст на основните плати, имајќи го предвид фактот што претходно платите на вработените во армијата, како што се вели, повеќе години наназад биле замрзнати.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top