СДСМ: Поддршката за зелена нафта изнесува 200 милиони денари, а ќе бидат опфатени 55 илјади земјоделци

Новите програми за зголемена финансиска поддршка за земјоделците ја потврдуваат заложбата на Владата за развој и унапредување на земјоделството, велат од СДСМ..

Од таму посочуваат дека ќе се зголемуваат субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари за хектар, а како што велат, значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз.

„Финансиската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари за хектар со користен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари за хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека со мерката зелена нафта земјоделците што имаат полјоделски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделската механизација.

„Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци“, истакнуваат од владејачката партија, од каде што велат дека зголемена финансиска поддршка е обезбедена и за сточарите, овоштарите и за градинарите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top