СДСМ: Преку мерката „Гаранцијата за млади“ се вработија 1.839 млади лица

Соопштение на СДСМ..

Од таму додаваат дека во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади" за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

„Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица. 

Како што е наведено во Извештајот, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи. 

Комисијата констатира зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација. 

Во Извештајот се наведува и дека условите за работа и функционирање на граѓанското општество и понатаму се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес. 

За две години од заробена држава, Република Северна Македонија е светол пример во регионот. 

Тоа е признание за реформите, за политиките на владата предводена од СДСМ, но и мотив да се продолжи со евро-атланскиот курс во интерес на граѓаните, на младите и иднината на државата", се вели во соопштението на СДСМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top