СДСМ: Превземавме мерки за намалување на трошоците; ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат сѐ помалку пари

Очекувано, сосема спротивставени соопштенија утринава од страна на СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ..

Додека СДСМ соопштува дека се превземени мерки за намалување на трошоците на граѓаните, од опозицијата со демант дека граѓаните живеат во сиромаштија и дека се помалку пари завршуваат кај нив.

„Владата предводена од СДСМ реализираше серија на мерки со кои се намалија трошоците и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%.

Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од над 2.600 денари.“, соопштија од СДСМ.

Веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ:

„Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во
неговите лудории, 500.000 граѓани живеат во праг на сиромаштија. Земјоделците на кои им беше ветено сигурен откуп на производство и поголеми субвенции, својот род го фрлаат на буништа.

Граѓаните имаат се помалку пари, и знаат дека СДСМ и Заев се  причината затоа што им се случува, време е СДСМ и Заев да си заминат од власт.“, велат од опозицијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top