СДСМ: Силјановска призна дека не си ја познава државата и сопствениот народ

Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска призна дека не си го познава сопствениот народ, велат од СДСМ..

„Сиљановска призна дека првпат се запознава со селата и градовите во нашата држава и дека досега не знаела какви се граѓаните што живеат во нив.

Претходно Сиљановска призна дека не верува ниту во сопствениот слоган за кампањата, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.

Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не ги познава селата и градовите, кој не го познава сопствениот народ да застане на чело на државата.

Граѓаните, на овие избори ќе одберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top