СДСМ тврди дека обезбедиле мнозинство, Заев го чека мандатот од Пендаровски

Имаме обезбедено мнозинство за составување влада, велат од СДСМ откако Лајм и неколку други медиуми на албански јазик објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред договор за формирање на нова влада со премиер-Албанец..

-Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека во следните денови претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top