СДСМ: Владините мерки обезбедуваат помош за 250.000 работници и 35.000 компании

Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден..

И нашата земја како дел од глобалната криза која го зафати светот, покрај здравствените се соочува и со економски предизвици.Владата донесе втор сет на економски мерки, вреден 200 милиони евра, кој има јасна цел – да се ублажи економскиот удар од коронавирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба, соопшти СДСМ.

Според партијата, со цел да се зачуваат што повеќе работни места, Владата предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од коронавирусот.

Истовремено, Владата донесе и одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза.За спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници е обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени. Додека пак, лицата од неформалната економија кои останале без приходи се обезбедуваат по по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.

„Ова е тежок период за сите нас, но само заедно, сплотени и солидарни можеме да ја победиме оваа криза. За таа цел се формира и солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.СДСМ покажа како преку исправни политики, истрајност и посветеност се рушат сите бариери и се постигнуваат зацртаните цели.Затоа веруваме дека сите заедно и овој пат ќе успееме да се избориме и со здравствената и со економската криза“, се вели во соопштението.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top