СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места

Според првичните резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија (ДИК), СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3.130 од 3.480)..

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34,73 отсто.

За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците и Алтернатива 66.193 или 8,77, за Левица 29.851 или 3,95, за ДПА 11.021 или 1,46 и за Интегра 10.082 или 1,34 отсто.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top