СДСМ води во Центар и Карпош, ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Телевизија Телма објави анкета за тоа која партија води во кои скопски општини, но без прецизни бројки, со објаснување дека статистичка грешка е поголема од 6 отсто..

Според анкетата, лканидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, убедливо води во анкетата на Телма пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

Во Карпош Стефан Богоев од СДСМ би требало да го победи Стевче Јакимовски од ГРОМ уште во првиот круг.

Кандидатит на СДСМ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тесно води пред Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Во Аеродром Златко Марин од СДСМ и Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ водат мртва трка.

Во Кисела Вода Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ води пред Филип Темелковски од СДСМ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top